Во следните две недели ќе се знае дали ќе почнат со работа градинките и училиштата

Во следните недела до две ќе се знае дали од септември ќе почнат со работа градинките и училиштата. Веројатноста е голема, но да се усогласат сите протоколи, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вечерва на гостувањето во емисијата „Само вистина" рече дека во изминатиот период се одржани состаноци со министерствата за труд и социјална политика и за образование и оти се изготвени предлог протоколи за кои деновиве повторно ќе дискутира Комисијата за заразни болести за потоа следната недела на владина сендица да се утврди по кои правила ќе работат овие институции.

„Јасно е дека вирусот е тука и мора да научиме да функционираме со него. Не може децата да не одат во училишта, но мора да имаме подготвени превентивни протоколи по кои ќе се функционира во училиштата. Некои од принципите се помали групи, повеќе смени и пократко траење на часовите. Што пократко време во затворен простор и носење маски“, рече Филипче.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе