Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на интерните клиники имало 12 приеми, во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови пациенти, а на Инфективната клиника девет. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 36 оздравени пациенти.
На Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 19 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 15 пациенти, на Клиниката за очни болести шест пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 92 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 76 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациент.
Од вкупниот број на 306 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 кои се лекуваат на инфективните оддели во скопските болници голем дел се на кислородна поддршка.
Инаку, утрово до 8 часот имало 122 слободни места, а дополнително се очекува да се ослободат и други по исписите на оздравените пациенти.