Во скопските ковид центри за 24 часа примени 40 нови пациенти, вкупно се лекуваат 495

Во ковид центрите во Скопје во изминатите 24 часа се хоспитализирани 40 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за неврологија, шестмина  на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени тројца нови болни, а во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни.  

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на

Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Вкупно 495 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе