Вкупно се лекуваат 505 лица

Во скопските ковид центри за 24 часа примени 28 нови пациенти, отпуштени 9

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот и сега на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 505 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

Во последното деноноќие, како што соопшти Министерството за здравство, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, четири во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четворица нови болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени двајца болни.  

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.

Вкупно 505 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

 

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе