Во скопските ковид-центри слободни 172 кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот и сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 287 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

Како што информира Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало 4 приеми, во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември примени се 8 нови пациенти, а на Инфективната клиника 5.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 12 пациенти со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 12 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 91 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти.

Голем дел од пациентите кои се лекуваат на инфективните оддели во болниците во Скопје се на кислородна поддршка.

Според Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 172 слободни места, а во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти ќе се ослободат и дополнителни места.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе