Во скопските ковид центри се лекуваат 345 пациенти, за еден ден примени 52 нови заболени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 52 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 345 лица сомнителни и потврдени за ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 32 приеми и тоа по двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за очни болести и на Клиниката за гастроентерохепатологија. На Клиниката за неврологија биле примени 6 пациенти, петмина болни се примени на ТБЦ, четворица на Клиниката за дерматологија и 8 на Нефрологија, додека на ОРЛ биле примени петмина болни.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 8 во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 26 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 26 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 5 пациенти, а на ОРЛ 15 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 19 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 94 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти.

Голем дел од вкупниот број од 345 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се на кислородна поддршка.

Утрово во 8 часот, според Министерството за здравство, во скопските ковид центри имало 100 слободни места.

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе