Дневна статистика на Министерството за здравство

Во скопските ковид-центри примени уште 36 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани уште 36 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за ковидВо -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Mинистерството за здравство информира дека во последното деноноќие на интерните клиники имало вкупно девет приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија и по еден пациент на Институтот за ТБЦ, на ОРЛ, на Очната клиника, на Неврологија и на Гастроентерохепатологија.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 15 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 12 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 40 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 41 пациент.

Вкупно 482 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало околу 40 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, наведува Министерството за здравство.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе