Во скопските ковид центри примени нови 22 пациенти, има уште 159 слободни кревети

Нови 22 пациенти се хоспитализирани во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје поради компликации од корона вирусот и сега на инфективните оддели во градот се лекуваат вкупно 279 лица сомнителни и потврдени за ковид-19.

Според податоците од Министерството за здравство, во последното деноноќие

на интерните клиники имало 8 приеми, во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника примени се 8 пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 12 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 13 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 13 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 22 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 85 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 77 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти.

Голем дел од вкупниот број пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се на кислородна поддршка.

Инаку, до до 8 часот утрово во скопските ковид центри имало 159 слободни места, а се очекува во тек на денот да се ослободат и дополнителни места по направените исписи на оздравените пациенти.

 

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе