Состојби со болничките капацитети

Во скопските болници примени само четири пациенти, во земјава се лекуваат 209 лица

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 209 лица и има околу 480 празни болнички кревети.. Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Во Скопје се лекуаат 75 пациенти, а во изминатите 24 часа биле примени четири нови пациенти. Најголемиот број од пациентите се на кислородна поддршка. Во болниците во Кавадарци и во Гевгелија веќе нема пациенти болни од ковид-19.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ во Скопје имало еден прием.
Во ковид - центарот во ГОБ “8 Септември“ се примени двајца пациенти, а еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.

Во ковид - центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 14 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 38 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 134 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18 пациенти, во болницата во Штип 16 пациенти, на инфективното одделение во Тетово четири пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар три, а во Струга девет болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево четири, во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе