Се намалува бројот на болни од ковид-19 во болниците

Во Скопје за 24 часа хоспитализирани само двајца нови ковид-пациенти

Бројот на хоспитализирани со ковид-19 континуирано се намалува и денеска во болниците низ државата имало вкупно 109 пациенти, од кои 43 се во Скопје, а 66 во другите градови низ државата.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се примени само двајца нови пациенти во ГОБ 8 Септември, а дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Според податоците од Министерството за здравство, на Институтот за ТБЦ се лекуваат 3 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 15 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 25 пациенти.

Што се однесува до болниците низ државата, најмногу ковид-пациенти има во Куманово – 14. Во болницата во Битола се хоспитализирани 5 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, а во Велес се лекуваат 8 болни. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 7 пациенти, во Прилеп 3, во ковид-центарот во Гостивар 8, во Струга 5 болни, во болницата во Струмица хоспитализирани се 9 пациенти, во Кичево 1, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болниците во целата држава во ковид-центрите има 530 празни болнички кревети во ковид центрите.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, но ако има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе