Министерство за здравство

Во Скопје сите пријавени до 30 април постари од 40 години добија термин за вакцинација

Министерот за здравство Венко Филипче денеска преку својот фејсбук профил информира дека термини за вакцинација добиле сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје што до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата „www.vakcinacija.mk“.

Како што посочува министерот, во текот на следните три дена и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40 годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб-страница.

Филипче информира дека од вчера почна и вакцинација на пациентите со дијализа и со трансплантација.

„Од вчера почна вакцинацијата и на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација. Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk“, пишува Филипче на Фејсбук.

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе