Министерство за здравство

Во Скопје се лекуваат 256 пациенти заболени од ковид-19, има 70 слободни места

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 256 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупниот број на пациенти кои се лекуваат од ковид-19 во Македонија е 411. Бројот на празни болнички кревети во ковид центрите во земјата е 384.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 11 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 6 нови приеми на пациенти и 7 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле бил примени 6 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 26 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 36 пациенти со симтоми на корона вирусот. 

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 13 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 256 пациенти потврдени и сомнителени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе