Дневна статистика на Министерството за здравство

Во Скопје на болничко лекување примен еден пацинет, во болниците во земјава има 99 болни

Во изминатите 24 часа освен на Инфективната клиника каде е примен еден пациент поради компликации од коронавирусот, во другите ковид - центри во Скопје немаше нови приеми на болни од ковид-19. Од болничко лекуање се отпуштени тројца пациенти. Вкупно 34 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје, а вкупно 65 во земјата.

Во ковид - центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат двајца пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 13 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 19 пациенти. Поголемиот број од болните се на кислородна поддршка.

Во моментов има околу 100 празни легла за болни од ковид-19 во скопските болници, додека во целата земја има околу 550 празни кревети за болни од ковид-19.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четири пациенти, во болницата во Штип пет пациенти, на инфективното одделение во Тетово три пациенти, во Велес се лекуваат шест болни, а во Куманово 15 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано шест пациенти, во Прилеп три, во ковид -  центарот во Гостивар осум, а во Струга четири болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, а во Кичево два.

Во Кавадарци и во Гевгелија и натаму нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе