Во Скопје хоспитализирани 31 нов пациент од коронавирусот

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани нови 31 пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 303 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Според извештајот на Министерството за здравство, во последното деноноќие, на интерните клиники имало осум приеми.
 
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти и 8 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 34 оздравени пациенти.
 
„Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 90 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 16 пациенти. На ГАК има 3 хоспитализирани ковид позитивни пациентки“, соопштија од Министерството.
 
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Според Министерството, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
 
„Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе