Во Шуто Оризари конечно отворена гинеколошка ординација

Гинеколошка ординација е отворена денеска во Шуто Оризари, па 20.000 жени од општина конечно ќе имаат пристап до гинеколошка здравствена заштита, рана дијагноза на одредени болести, редовни прегледи и се тоа што значи квалитетна здравствена услуга во делот на таа специјалност.

„Ние направивме сериозни напори изминатите неколку месеци, од страна на Министерството за здравство набавивме посебна специјалистичка опрема во вредност од 39.000 евра. Таа гинеколошка ординација е целосно опремена според најсовремените стандарди со посебен стол, одредени апарати во делот на колпоскопија, најсовремен ехо апарат“, изјави министерот за здравство Венко Филипче на отворањето на ординацијата.

Изминатиов период, како што рече, заедно со граѓанските организации, активни во општината, сите жени од општината добивале помош во делот на советувања, соодветна терапија, во делот на упатувањата кон соодветни специјалисти.

„Гинекологот што го најдовме се согласи да регистрира своја ПЗУ и практично овде да ја оформи својата ординација заедно со медицинската сестра која е практично во оваа населба. Уште една поликлиника која веќе го зема под закуп просторот за матични лекари којашто се пријави има два дополнителни тимови кои ќе бидат матични лекари и кои ќе може да им бидат на располагање на сите жители од оваа населба. Значи, се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот кон здравствена заштита на сите жители коишто живеат во оваа населба“, изјави Филипче.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе