Во Штип ќе се гради монтажна болница

Штипската Клиничка болница има доволно ресурси и ден за ден ја решава ситуацијата со пациентите, но се подготвува со капацитети за на есен, кога се очекува зголемување на бројот на заболени од ковид-19.

„На дневна основа ние испишуваме дел од пациентите, кои што се негативизирале, кои се без симптоми, по што доаѓа друга група. Доколку се случи нагло да дојде голема бројка и да ги пополни нашите капацитети, ние во договорот со министерот тоа го расчистивме, доколку има потреба од здравствена заштита, ќе ги упатуваме во друга болница. Мораме да преземаме вакви мерки уште сега, оти сите најавуваат во септември дека ќе имаме нов бран на ковид-19,“ изјави директорот на штипската Клиничка болница Ален Георгиев.  

Во септември се очекува да биде поставена монтажна болница, која се планира да биде поставена во комплексот до Детското одделение, каде има празен простор. Георгиев вели дека ќе бидат потребни мали интервенции.

„Тој простор може да се уреди со мали корекции. Треба да се зарамни, да се постави подлога, да се постават бараки, тоа се модули кои се надоградуваат и бројот на кревети се зголемува. Ние би можеле да дојдеме до капацитет од 50 кревети,“ додава Георгиев.

Доколку се случи наплив на пациенти, ќе се носат во некои од другите ковид центри, иако засега бројката е стабилна и во последните десетина дена се движи околу 50. Болниците во Кочани и Велес имаат услови доколку има потреба да бидат нов ковид центри, но тоа е одлука на Министерството за здравство“, рече тој.  

Во моментов на Инфективното одделение во Штип се хоспитализирани 55 пациенти од повеќе градови во Источна Македонија.

 

 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе