Во Штип 697 лица се во изолација, има 395 активни случаи на ковид-19

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска информираше дека според последните податоци, во Штип 697 лица се во изолација, а активни случаи на ковид-19 има 395. Во Клиничката болница во Штип има 43 пациенти, а од нив од 33 се штипјани. Досега се регистрирани 344 оздравени.

Денеска во Штип се одржал состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на кој покрај државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев и членот на Комисија за заразни болести, Сузана Маневска присуствуваа и претставници од Општина Штип, Јавните претпријатија, претставник од ТППЕ Штип, ЦЈЗ Штип, Инфективно одделение при ЈЗУ Клиничка Болница Штип, Здравствен дом Штип, Вишо и Основно јавно обвинителство, АРМ, СВР Штип, Гласен Текстилец, Државен пазарен и трудов инспекторат.

На прес-конференцијата по состанокот Бочваров рече дека се донесени неколку заклучоци:

Почитување на уредбата за носење на заштитни маски, одржување на дистанца и дезинфицирање на рацете од страна на сите граѓани, правни лица и одговорни во правните лица, согласно законските прописи.

Да се избегнуваат поголеми собири посебно во затворен простор, поради заштита на здравјето на граѓаните со цел зачувување на нашите здравствени капацитети.

Сите заразени граѓани да ги почитуваат мерките за изолација и даваат точни информации во анкетните листови со пријавување на сите контакти.

Препораки до приватниот сектор, да го искористат годишниот одмор, посебно таму каде што има заразени вработени.

Задолжително да продолжи да функционира Ковид координатор во сите сектори каде што има поголема концентрација на луѓе.

Сите надлежни институции продолжуваат во најтесна комуникација на централно и локално ниво со примена на сите мерки за заштита на граѓаните.

Градоначалникот апелираше до сите сограѓани да ги почитуваат мерките и препораките и информираше дека СВР Штип досега поднел 41 кривична пријава за непочитување на мерките.

На прес-конференцијата Милошев најави дека на Инфективното одделение во штипската болница ќе биде испратен медицински персонал на испомош во услови кога капацитетот е целосно исполнет, а има само двајца специјалисти.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе