Министерство за здравство

Во Штип 24 деца во изолација, воспитувачка и негувателка од две градинки позитивни на ковид-19

Во штипските градинки „Астибо" и „Вера Циривири-Трена" воспитувачка и негувателка се позитивни на коронавирусот. Од двете градинки по 12 деца веднаш биле ставени во изолација.

Станува збор по еден случај во двете градинки. Директорката на градинката „Астибо“-Штип, Билјана Трајчевска за МИА ја потврдува информацијата и вели дека станува збор за воспитувачка, која по појавените симптоми на нејзиниот сопруг минатиот петок, побарале да се тестираат во приватна клиника. Вчера се тестирале, а резултатите пристигнале синоќа, по што епидемиолозите веднаш во изолација ја ставиле нејзината колешка негувателка и 12 деца од групата.

„Станува збор за централниот објект. Вработената нема симптоми, сите работат според протоколите со маски и не се контактира со останатите групи и затоа ова не повлекува и други вработени или деца да се стават во изолација“, вели Трајчевска.

Директорката на градинката „Вера Циривири-Трена“, Софка Атанасова вели дека кај нив е регистриран позитивен случај кај негувателка во објектот „Росица“ во населбата Ново Село. Резултатите се добиени утринава, а нејзината колешка воспитувачка и 12 деца од групата од утре ќе бидат ставени во изолација.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе