Во првите шест месеци годинава вкупно се собрани 20.692 единици крв

Во првите шест месеци од оваа година вкупно се собрани 20.692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма.

Министерството за здравство во денешното соопштение упатува благодарност до сите крводарители, дарители на тромбоцити и дарители на конавелесцентна плазма и подвлекува дека тие се херои на денешно време. Од Институт за трансфузиона медицина порачуваат „Дарувај, биди хуман, биди херој!"

Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот, стои во соопштението и додава дека со цел да се сочува здравјето беа преземени низа мерки и правила.

Во насока на олеснување на пристапот ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на Република Северна Македонија се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за заштита на карводарителите и здравствениот персонал, а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крвни продукти, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Институтот е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така постојано ја следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.

Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти, се оценува во соопштението од МЗ.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе