Министерство за здравство

Во последните 24 часа оздравени 64 пациенти, потврдени 22 нови случаи на ковид-19

Институтот за јавно здравје во последните 24 часа регистрира 64 оздравени пациенти, а потврдени се 22 нови случаи, информира Министерството за здравство. Оздравените пациенти се од Скопје-17, Куманово-9, Прилеп-12, Тетово-3, Струга-12, Охрид-9, Гостивар-1 и Кичево-1, додека новите дијагностицирани случаи се од Скопје-13, Прилеп-2 и Тетово-7, од направени вкупно 145 тестирања.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.664, бројката на оздравени пациенти е 1.200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 и согласно ова последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 563, активни 128

Куманово – 408, активни 44

Дебар – 51, активни 0

Штип-35, активни 2

Прилеп –178, активни 58

Тетово – 117, активни 58

Струга – 67, активни 4

Велес – 107, активни 49

Битола –23, активни 4

Охрид –15, активни 0

Кавадарци – 5, активни 1 

Гостивар –19, активни 4

Гевгелија – 4, активни 0

Струмица – 2, активни 0

Крива Паланка- 6, активни 2

Радовиш – 4, активни 0

Крушево – 3, активни 0

Кочани – 31, активни 5

Пробиштип – 2, активни 0

Кичево – 2, активни 0

Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        

Демир Хисар – 1, активни 0

Македонски Брод - 2, активни 0

Пехчево- 3, активни 2

Делчево-1, активни 1

Валандово -1, активни 1

Виница – 2, активни 0

Кратово-2, активни 2

Берово-1, активни 1

Направените 145 тестови се преку: ИЈЗ –122, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -0, Филип Втори (Жан Митрев) –17, Систина со PCR метода  -0 и МАНУ -6, а досега во земјата се направени вкупно 19.241 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни нема прием на нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 42 пациенти. На кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација 2.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 18. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 4 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти сомнителни на ковид, а на домашно лекување се следат 3 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 7, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово и Тетово сe хоспитализирани 49 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе