Владата ќе ги следи препораките на Комисијата за заразни болести, изјави денеска премиерот Зоран Заев и нагласи дека Владата ќе ги почека евентуалните препораки од Комисијата кои би можеле да бидата изнесени в понеделник на редовниот состанок на Главниот координативен штаб на Владата закажан за 9 часот.
Тој се согласи со прашањето од новинарите дека во Македонија има нов пик на заразната болест.