„На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисови за брзи тестови. Во Скопје досега имаше шест пункта за брзи тестови и тоа во поликлиниките во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања“, соопштуваат од министерството.
Тестирање со брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена.
„Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните“, потенцираат од министерството.