Епидемиолошка состојба

Во пикот сме со омикрон и делта соевите на ковид-19, расте бројот на смртни случаи

Во земјава и натаму е присутен делта сојот на коронавирусот кој дава потешки симптоми на болеста, а омикрон варијантата секојдневно ги полни лабораториите каде се прават тестови за ковид-19. Деновиве на дневна основа позитивни се близу две илјади тестови од направените,  секојдневно имаме по околу десет починати лица и повеќе, а вчера се регистрирани 21 смртен исход од ковид. Во исто време расте притисокот врз болниците. Распустот на учениците затоа е продолжен до крајот на месецов, на работа не одат наставниците, а во многу дејности вратено е онлајн работењето.

Нови рестриктивни мерки и покрај брзото ширење на болеста во Македонија не се преземаат. Од Министерството за здравство засега не најавуваат нови мерки, а препорачуваат носење на маска, одржување на дистанца и водење на хигиена, како и избегнување на групирања и задржување на повеќе лица во затворен простор.

Во моментов во земјава се активни 20.250 случаи на заразени лица, нагјоглемиот број се во Скопје, половината, а потоа следува Битола.

Од почетокот на епидемијата досега во земјата се направени вкупно 1.741.085 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 254.857, бројот на оздравени пациенти е 226.409, на починати е 8.198, а бројот на активни случаи изнесува 20.250.

Според податоците на Светската здравствена организација во светот се дијагностицирани над 340 милиони заболени. Од СЗО предупредуваат дека ризикот од омикрон останува многу висок.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок".

„Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон се шири многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца, отколку што сме виделе во пандемијата претходно“, соопшти СЗО.

СЗО додава дека, и покрај тоа што е помала веројатноста од сериозен тек на болеста отколку кај претходните видови, омикрон е многу заразен што резултира со зголемени хоспитализации и продолжување на притисокот врз здравствениот систем во многу земји, што може да доведе до значителна смртност, особено кај луѓето со чувствително здравје.

„Во многу земји се пријавени многу хоспитализации и приеми на интензивна нега, бидејќи ова се нивоа на инфекција што не ги видовме за време на пандемијата. Потребни се повеќе податоци за да ја сфатиме јачината на сојот, според количината на потрошениот кислород, употребата на респиратори и бројот на смртни случаи од омикрон“, се додава во соопштението.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе