Забавен процесот на имунизација

Во петокот и во саботата само 884 лица се вакцинирале со прва доза

Според податоците на Министерството за здравство, во петокот и во саботата само 884 лица дошле на вакциналните пунктови за да примат прва доза вакцина. Во овие два дена ревакцинирани се 2.257 лица, додека пак, трета доза вакцина примиле 109 граѓани. Само 35 отсто од вкупното население е имунизирано против ковид-19 со две дози вакцина.

„Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47%,, а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе