Министерство за здравство

Во Охрид казни за непочитувачите на протоколите против ковид-19

Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега се направени вкупно 106.877 тестирања на ковид -19.

Од петте починати, еден од Скопје (52 г.), двајца од Куманово (55 г. и 82 г.), еден од Гостивар (62 г.) и еден од Охрид (64 г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Од новозаразените 75 случаи, во Скопје се 32, Куманово-4, Штип-5, Тетово-7, Кавадарци-8, Гостивар-8, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Македонски Брод-2, Виница-1, Свети Николе-1, Кичево-2, Неготино-1.

Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти и тоа од Скопје-50, Куманово-16, Прилеп-2,Тетово-5, Струга-28, Охрид-18, Гостивар-2, Крушево-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-1, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.202,  бројот на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 92 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и три деца позитивни, како и шест пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 89 пациенти од кои на респираторна машина се тројца пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 27, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 113 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Поради непочитување на законските прописи за превенција од коронавирусот издадени се и казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје. Станува збор за пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ кои ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што на секој од нив му е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност.

За неносење лична заштита на лице се регистрирани 390 прекршоци во текот на 3-4 август на територијата на  целата држава.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата за справување со ковид-19. 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе