Во мавровските хотели сместени се 135 лица кои допатуваа од странство

Во два мавровски хотели од синоќа во карантински услови сместени се 135 лица кои допатувале од странство.

Медат Куртовски, градоначалникот на општина Маврово Ростуше, на чија територија се наоѓаат објектите во телефонски разговор за МИА потврди дека во хотелите „Макпетрол“ и „Спорт“ во текот на ноќта и рано утрово со автобуси биле донесени лицата кои според насоките треба да бидат во двонеделна изолација.

Утрово во хотелот „Макпетрол“ во селото Маврово сместени се 74, а во „Спорт“ 61 лице и веќе се запознаени со обврските и ограничувањата.

Од секретаријатот известија дека граѓаните сместени во државните карантински објекти не се закана за никого, а објектите ги обезбедуваат полицијата и војската.

„Ниту еден граѓанин сместен во државен карантин во периодот од 14 дена не смее да ја напушти сопствената соба, ниту објектот, а секој кат од сместувачкиот објект е строго контролиран и обезбеден од војската и полицијата. За секој од нив е направена епидемиолошка анкета и определен е соодветен режим во карантинскиот објект кој е целосно безбеден и строго контролиран и надгледуван“, наведуваат од Владата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе