Министерство за здравство

Во Македонија вакцинирани се 627.948 лица, 237.322 се ревакцинирани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 492.662 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.084 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани. 

Со последните бројки 53 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  50 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 45 % од населението над 60 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина. 

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во Арена А1 во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп“, соопшти Министерството за здравство и апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе