Министерство за здравство

Во Македонија се лекуваат 926 пациенти позитивни на коронавирусот, во ковид центрите има 800 празни кревети

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 528 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје се лекуваат 398 пациенти. Бројот на празни кревети е 800.

Според извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектни на ковид- 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 54 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 63 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 49, во ковид центарот во Гостивар 14, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 54 пациенти, во Кочани 22 во Кичево 15, Кавадарци 26, а во Гевгелија 8 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 926 и има околу 800 празни болнички кревети во ковид центрите.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 398 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка. Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 337 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка, соопшти Министерството за здравство.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе