Министерство за здравство

Во Македонија од Кина пристигнаа само вакцините на „Синофарм“

Министерството за здравство за МКД.мк потврди дека од Кина се купени 200.000 дози вакцини од производителот „Синофарм“. Денеска во Македонија почна масовна имунизација на населението, најмногу токму со вакцините „Синофарм“ од Кина. Министерството за здравство сѐ уште нема купено вакцини од производителот „Синовак“, велат македонските здравствени власти.

Од Европската агенција за лекови денеска информираа дека почнува тестирање на кинеската вакцина „Синофарм“. Вакцината на „Синовак“ во моментов е одобрена за употреба во Кина, Индонезија, Бразил и во Турција.

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје.

Вакцинацијата во земјава почна на 17 февруари со вакцините на „Фајзер“, на „Астразенека“, со руската вакцина „Спутник V“ и со кинеската вакцина „Синофарм“.

„Заклучно со 2 мај со „Фајзер/Бионтек“ вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со „Спутник V“ се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на „Астразенека“ вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со „Синофарм“ се вакцинирани 953 лица“, соопшти ИЈЗ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе