Пресек на состојбата во регионот

Во Македонија најмногу активно заразени на 100.000 жители, мала стапка на смртност

Во регионот најголем број активни пациенти на 100 илјади жители се регистрирани во Македонија, а потоа следуваат Косово и Босна и Херцеговина.

Фото: Роберт Атанасовски

Во земјава се регистрирани 112 активни случаи на 100,000 жители, на Косово 41 и во БиХ 21 активен случај на 100.000 жители.

На четвртото место е Албанија со 20 активни пациенти на 100 илјади жители, следуваат Србија со осум и Хрватска и Словенија со по еден активен пациент на 100 илјади жители.

Во регионот, најмногу заразени со коронавирус во однос на бројот на жители се регистрирани во Македонија, на второ место е Србија, а на трето место е БиХ. Во Македонија регистрирани се 2.062 заразени на милион жители, во Србија 1.780, а БиХ има 873 заразени на милион жители.

На четвртото место е Словенија со 724 заразени на милион жители, а по неа следуваат Албанија со 581, Хрватска со 553 и Црна Гора со 519 заразени на милион жители.

Бројот на заразените лица се изразува на милион жители заради подобра споредба.

Во однос на бројот на заразените, најголема смртност има во Словенија, 7,27 проценти, БиХ 5,35 проценти, а потоа следуваат Хрватска 4,75% и Македонија со 4,69%. Стапката на смртност во Црна Гора е 2,75 проценти, во Албанија 2,21% и во Србија 2,06%.

Најмногу тестирани во однос на еден милион жители има во Србија, 44.899 на милион жители, Словенија е на второто место со 43.253, а Црна Гора е на третото место со 23.742. На четвртото место е БиХ со 22.050 тестирани на милиони жители, следуваат Македонија со 21.228 и Хрватска со 17.220 тестирани на милион жители. Вкупниот број на пациенти во Црна Гора од почетокот на епидемијата е 326, од кои двајца во моментов се активни, пренесува Вијести.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе