Во Македонија коронавирусот можеби бил присутен уште во јануари, позитивен тест на распаднатото тело на велешанката

Трагичниот случај во Велес, кога на 6 април во стан во Велес биле пронајдени распаднати тела на мајка и син, може да даде нови податоци за присуството на коронавирусот во Македонија. Обдукцијата покажа дека во дел од дишното стебло на мртвата 73-годишна жена бил пронајден коронавирус и дека нејзината смрт настапила некаде во јануари. Оваа информација попладнево ја потврди и Венко Филипче, министерот за здравство.

„Со оглед на тоа дека оваа година имавме навистина зголемен број на случаи на заболени од грип во споредба со минатата година, па овој случај може да значи дека коронавирусот бил присутен во Македонија уште во јануари“, изјави Филипче.

Полицијата на 6 април пронашла две мртви тела на мајка и син во стан на улица „Ѓорѓи Војтех“ во Велес. Соседите алармирале бидејќи неколку месеци тие не ги виделе мајката и синот да излегуваат надвор. Тие велат дека мајката (89-годишна жена) била слепа, а нејзиниот 53-годишен син имал психички проблеми.

(Реакција: Друштвото на филмски работници: Манчевски врши атак на домашната кинематографија, MKД.мк, 3 јули 2020)

повеќе

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе