Во Македонија детектирани 8 соја на вирусот ковид-19

Идните мерки за спречување на ширењето на ковид-19 ќе зависат од целосната епидемиолошка состојба и од анализите што се прават во МАНУ за тоа дали има дополнителни мутации на вирусот кај последните новодијагностицирани ковид случаи.

„Кај нас досега се детектирани осум соја на вирусот ковид-19. Од последните летни месеци па наваму преовладуваат два соја, меѓутоа во  овој момент се прави генетско секвенционирање и анализи на вирусот од последните две недели за да видиме дали има некаква мутација којашто е можеби слична на онаа што ја има во Велика Британија. Неделава ќе знаеме дали има дополнителна мутација  на последните новодијагностицирани случаи во последните две недели“, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Според него, сега има значаен пад на новодијагостицирани случаи што значи дека мерките од пред неколку месеци дале резултат и потсети дека сега „сме во период во кој ќе треба да видиме и процениме што понатаму“.

„Болниците се навистина подиспразнети, повеќе од 50 отсто од капацитетите на болниците ширум државата се празни, првпат после сериозно долг временски период и на Инфективната клиника има слободни кревети. Од следната недела во функција се враќаат повеќе одделенија, офталмологија и оториноларингологија почнуваат со редовна работа, така што  ние сме во стабилна ситуација, но тоа не значи дека треба да бидеме помалку внимателни“, изјави тој.

Во спротивно, предупреди, би можеле да се соочиме со трет бран иако засега нема такви знаци и ситуацијата е стабилна.

 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе