Министерство за здравство

Во Македонија 3.611 активни случаи со ковид-19, најмногу во скопски Чаир - 409

Бројот на заразени со ковид-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3.611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-7, Велес-5, Битола-4, Охрид-5, Гостивар-9, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-4 и Ресен-4.

И натаму скопската општина Чаир е со најголем број активни случаи – 409, следат Гази Баба со 189, Карпош – 163, Бутел – 162, Аеродром – 150, Сарај – 149 и Центар – 143.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 111 оздравени пациенти од: Скопје-56, Штип-7, Тетово-36, Велес-2, Битола-3, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Свети Николе-1, Ресен-2.

Починаа шест лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово, еден пациент од Штип и еден од Берово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на 63 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти од Скопје (59) и (63-годишен) и еден пациент од Штип на 36 годишна возраст. Во болницата во Штип е починат пациент од Берово на 69 години и во Куманово пациент на 78 годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата е 6.932, бројката на оздравени пациенти е 2.987, на починати е 334, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.611. Во Скопје има најмногу активни случаи – 1.987, Тетово – 385, Куманово – 240, Охрид – 166, Штип – 158, Струга – 154.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 37 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и пет деца позитивни и сомнителни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ вкупно хоспитализирани се 120 пациенти. На респираторна машина се шест пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип се хоспитализирани 42 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 95 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе