Можни се нови рестрикции на граничните премини

Во Македонија 10 лица се заразени со делта-сојот, сите се невакцинирани

Досега во Македонија се регистрирани 10 лица заразени од делта-сојот на коронавирусот. Поледните четири случаи се два брачни пара од Скопје, кои се вратиле во Македонија од странство и сега се хоспитализирани во приватна болница. Само еден од сите десетмина заразени е во потешка здравствена состојба, а останатите се стабилни, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Ниту еден од заразените не бил вакциниран.

Нема епидемиолошки ризик за ширење на вирусот, епидемиолозите прават анкети и на контактите на заразените, вели Филипче. Тој вели дека воопшто не се размислува за карантини на одредени градови или региони поради делта-сојот, туку само за евентуални мерки на границите. Дали за влез во земјава ќе се бара тест или сертификат за вакцинација и за македонските граѓани што се враќаат од одмор, Комисијата за заразни болести ќе одлучува до крајот на неделата, најавува министерот.

„Евентуално барање на ПЦР-тестови или потврди за вакцини или доказ за прележана болест, она што е стандард и во некои од другите земји, но мора да кажам дека ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во регионот поради тоа што мерките мора да се усогласени“, изјави Филипче.

Академикот Александар Димовски од Центарот за генетички иженеринг во МАНУ смета дека нема причини зошто да очекуваме ширење на бранот од март и април кога доминираше британскиот сој. Тој посочи дека уште најмалку година - две ќе се занимаваме со вирусот и се надева дека ситуацијата ќе се подобрува.

„Нема потреба да правиме мерки што буквално ќе ја затворат државата. Тоа што знаеме е дека сите вакцини што се користат сега спречуваат најтешка форма на болеста, хоспитализација и смрт во најголем процент“, изјави Димовски од Центарот за генетички инженеринг и биотехнологија при МАНУ.

Делта-варијантата на коронавирусот досега е потврдена во повеќе од 100 држави. Дел од нив почнаа да ги враќаат рестриктивните мерки.

Се зголемува бројот на заразените со коронавирусот во Грција. Во Грција вчера се регистрирани нови 1.820 случаи на коронавирусот. Има 1.061 случај во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики… Од новите случаи 21 се „увезени“, од кои шест се откриени на влезните точки во земјата.

Страв од зголемување на бројот на заразени има и во Србија, каде што ќе се зголемуваат болничките капацитети.

Високозаразниот делта-сој сега претставува околу 40 отсто од новите ковид-19 зарази во Франција. Од француската влада сметаат дека четвртиот бран би можел да го загрози летото.

Властите во австралиската држава Нов Јужен Велс ја продолжија за уште седум дена наредбата жителите на Сиднеј да останат дома поради ширењето на делта-сојот на вирусот.

Сиднеј, кој има пет милиони жители е под блокада од 26 јуни, а ограничувањата беа планирани да бидат укинати на 2 јули, но ќе останат во сила до 16 јули.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе