Министерство за здравство

Во Македонија 0,02% од вакцинираните се заразиле од ковид-19

Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, 96 биле позитивни на ковид по примена втора доза вакцина. Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат, соопшти Министерството за здравство.

Од 96-те позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани. Двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе