Во Куманово утре се отвора модуларната болница за ковид-пациенти

Во инфективното одделение на кумановската болница веќе се лекуваат 16 пациенти со компликации од ковид-19 и речиси сите се на кислородна поддршка, информираат од болницата.

На инфективното одделение се хоспитализирани  пациенти со средно тешка клиничка слика, оние со полесна клиничка слика се лекуваат во дневната болница, а оние со лесни симптоми се на домашно лекување под надзор на лекари со таблетарна терапија.

„Со оглед на тоа што инфективниот оддел нема многу соби, а доаѓаат пациенти со друга симптоматологија, од утре ќе ја отвориме и модуларната болница. Ако во претходните бранови имавме проблем со простор, сега таков проблем немаме. Благодарение на модуларната болница која ја добивме од Министерството за здравство, има доволно болнички легла, сè што е потребно од опрема. Проблем со овој бран е период на годишни одмори, претходно персоналот не користеше одмори, но сега се користат. Изминативе денови правевме прераспределба од други оддели, гледаме да е персонал кој има искуство од претходните бранови, ни останува да се надеваме дека нема да биде таков нагол скок на заболени“, вели директорката на болницата, Снежана Захариева.

Според неа, сите одделенија во болницата ќе функционираат непречено, вклучително оперативниот и амбулантскиот дел на различните оддели во болницата.

И матичните лекари потврдуваат дека расте бројот на инфицирани. Д-р Фатмир Асани, претседател на Здружението на матични лекари од Куманово изјави дека вирусот побрзо се шири и дека само во неговата амбуланта има триесетина пациенти кои се со коронавирус.

„Многу е важно да се вакцинираме, но и да внимаваме, да одржуваме растојание“, советува Асани.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе