Четири се на кислородна поддршка

Во „Козле“ хоспитализирани 19 деца со ковид-19, најмалото е едномесечно бебе

Во болницата за белодробни заболувања кај децата „Козле", која е пренаменета во Kовид-центар, хоспитализирани се 19 деца позитивни на коронавирус, од кои четири се на кислородна поддршка. Како што изјави за „Утрински брифинг", директорот на болницата, д-р Бесник Зеќири, сите се во стабилна состојба.

„Најмалото од хоспитализираните деца е едномесечно бебе. Најмногу деца се разболуваат на возраст од нула до две години и од 9 до 16 години. Децата кои се на возраст помеѓу две и девет години изледа имаат подобар имунитет, со оглед на тоа што поретко се разболуваат. Петнаесет од болните деца се на училишна возраст, може да се каже дека откако почна учебната година има мало зголемување на бројот на заболени деца, но ситуацијата не е алармантна“, рече Зеќири.

Иако во ковид-центрите посетите се строго забранети, во болницата во Колзе направен е исклучок од ова правило.

Таму децата се придружувани од еден родител, најчесто од мајката.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе