Министерство за здравство

Во ковид центрите во земјата се лекуваат 1.304 пациенти, по Скопје најмногу има во Куманово

Во ковид центрите во болниците низ земјава, со исклучок на Скопје, се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство.

Според податоците од Министерството, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12, во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе