Министерство за здравство

Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија  и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти.  На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 30 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20 болени лица. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 94 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 142 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има  43 пациенти.

Вкупно 441 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Сите инфективни одделенија, како што е наведено во соопштението од Министерството за здравство, имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка. 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе