Министерство за здравство

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшто Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија, на Гастроентерохепатологија и на Очната клиника, а двајца на Клиниката за дерматологија.

Во КОВИД центарот во ГОБ 8 Септември имало  7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани двајца болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 17 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има   пациенти.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Според Министерството, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка. 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе