Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 31 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 16 пациенти, во Велес се лекуваат 21 болен, а во Куманово 45 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24 во ковид-центарот во Гостивар 16, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 12, Кавадарци 18, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 604 и има околу 580 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.