Во ковид-центрите во државава се лекуваат 1.507 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.507 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 125 пациент позитивен и суспектен на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 71 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 83 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19.

Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 95, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 113 пациенти, во Кочани 43 во Кичево 35, Кавадарци 52, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники во Скопје имало 16 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 примени пациенти и 5 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле бил примен еден нов болен, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина е примен еден пациент.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 236 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 123 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти. На Клиниката за детски болести има 7 деца позитивни на ковид 19 вирусот и 4 мајки, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 38 болен.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе