Состојби со болничките капацитети

Во ковид центрите повеќе примени болни, отколку што се отпишани како оздравени

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 33 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, a како оздравени се отпуштени од болничко лекување 27 пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава изнесува 675 лица и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 9 нови приеми на пациенти и 9 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 15 пациенти, на Клиниката за неврологија 20 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 34 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 87 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 15 пациенти. На ГАК има 5 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Вкупно 253 пациенти потврдени и сомнителени за ковид- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 422 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 60 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 67, во ковид центарот во Гостивар 5, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациент, во Кочани 5 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 8 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе