Според Министерството за здравство

Во ковид-центрите низ државата има 1.720 пациенти

Вкупно 1.720 пациенти се лекуваат во ковид-центрите низ државата, а од нив 699 се во Скопје, додека 1.021 во другите градови. Утрово, според податоците од Министерството за здравство, има 230 празни болнички кревети, од кои 60 се во скопските болници.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 50 нови пациенти поради компликации од коронавирусот и тоа 32 на Интерните и хируршки клиники, 7 во

ГОБ 8 Септември, двајца на Инфективната клиника, 6 на Клиниката за детски болести и 4 во Институтот за физикална медицина. Дома се пуштени 36 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 140 болни, на Клиниката за инфективни болести 154 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, на Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на коронавирусот, на ГАК има 5 позитивни пациентки, а во Институтот за физикална медицина и  рехабилитација има 35 болни.

Од болниците низ државата денеска најмногу пациенти има во ковид-центарот во Прилеп-136, а потоа во Битола-117. Во болницата во Штип се хоспитализирани 95 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес 102 болни, а во Куманово 86 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 109 пациенти, во Гостивар 45, во Струга 22 болни, во  Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 31, во Кичево 35, Кавадарци 74, а во Гевгелија 25 лица позитивни и сомнителни на коронавирусот.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе