Во ковид-центрите низ државата денеска им 1.537 болни и 300 слободни кревети

Во болниците низ државата, според податоците од утрово, има вкупно 1.537 пациенти со ковид-19, од кои во Скопје се 668, а во другите градови 869. Утрово имало околу 300 слободни болнички кревети, а од нив 70 во Скопје, информира Министерството за здравство.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 48 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Најмногу приеми имало на Интерните и хируршки клиники-30, во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти, на Инфективната клиника 6, во Козле е примен еден нов пациенти, а 4 на Клиниката за детски болести. Дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 319 пациенти, во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, на Клиниката за инфективни болести има 146 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, на Клиниката за детски болести има19 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има 11 позитивни пациентки.

Во однос на болниците низ државата, и денеска најмногу пациенти има во Куманово-143, а потоа е Прилеп со 112 болни. Во болницата во Битола се хоспитализирани 76 пациенти, во болницата во Штип има 60 болни, на инфективното одделение во Тетово има 38 пациенти, а во Велес се лекуваат 68 болни. Во ковид-центарот во Охрид се  хоспитализирани 100 пациенти, во Гостивар 36, во Струга 16, во во Струмица има 68 пациенти, во Кочани 34, во Кичево 23, во Кавадарци 69, а во Гевгелија 26 позитивни и сомнителни на коронавирусот.

 

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе