Во ковид-центрите има вкупно 625 пациенти, 248 се во Скопје

Во ковид-центрите низ државата, според последните податоци, се хоспитализирани вкупно 625 пациенти, од кои 248 се во Скопје, а 377 во другите градови. Денеска е регистрирано дека околу 440 празни кревети за позитивни или суспектни на ковид-19.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 10 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив еден е на интерните клиники, 5 во ГОБ 8 Септември и 4 на Инфективната клиника. Дома се пуштени 7 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 12, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 25 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести 88 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле 25, а на ГАК има една хоспитализирана ковид-позитивна пациентка.

Во однос на ковид-центрите низ државата, во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 33 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид-центарот во Гостивар 8, а во Струга 21. Во болницата во Струмица има 28 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 31, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

 

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе