Во ковид-центрите има 899 болни, 39 повеќе од вчера, а слободни се 330 болнички кревети

Вкупно 899 пациенти има денеска во ковид-центрите низ државата, 39 повеќе отколку вчера. Од нив 353 се во болниците во Скопје, а 546 во другите градови. Според Министерството за здравство, во ковид-центрите има 330 слободни болнички кревети.

Во скопските ковид-центри во изминатите 24 часа се хоспитализирани 43 нови пациенти, а од нив 10 се примени на интерните клиники, 13 во ГОБ 8 Септември, 19 на Инфективната клиника, а во Козле е хоспитализиран еден нов пациент. Дома се пуштени 25 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центарот на Кожната клиника се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 52 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 80 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 125 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, а на ГАК има 5 хоспитализирани ковид-позитивни пациентки. Инаку, во ковид-центрите во Скопје утрово имало 30 слободни места.

Во однос на ковид-центрите низ државата, најмногу пациенти има во Прилеп-84, а потоа следуваат Куманово со 75 и Кавадарци со 69. Во Битола се хоспитализирани 38 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 41 пациент, на инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти,  а во Велес 37. Во ковид-центарот во Охрид се хоспитализирани 60 пациенти, во Прилеп 84, во Гостивар 20, во Струга 17, во болницата во Струмица хоспитализирани се 33 пациенти, во Кочани 9, во Кичево 11, во Гевгелија 15, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

 

 

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе