Состојби со болничките капацитети

Во ковид-центрите има 330 слободни легла, од тоа во Скопје 90

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава изнесува 1687 лица, од кои 702 пациенти се лекуваат во главниот град. Има околу 330 празни болнички кревети во ковид центрите, од кои 90 во Скопје. Во текот на изминатото деноноќие во скопските ковид центри се хоспитализрани уште 42 пациенти поради компликации од коронавирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 11 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември" имало 10 примени пациенти и седум биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле се примени две болни лица, а шест пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени шест пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 292 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември" има вкупно 140 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент. На Клиниката за детски болести има 11 деца позитивни на ковид-19, а на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 62 болни.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 148 пациенти, во болницата во Штип 89 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 40 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 99 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 114 во ковид центарот во Гостивар 44, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 95 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 35, Кавадарци 56, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе