Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти, а од нив 10 се примени на интерните клиники, 9 во ГОБ 8 Септември, 3 на Инфективната клиника, а во Козле биле примени 5 пациенти. Дома се пуштени 23 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 13 болни, а на Институтот за ТБЦ 28 пациенти со симптоми на коронавирусот. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, на Клиниката за инфективни болести 90 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, а на ГАК има една хоспитализирана ковид-позитивна пациентка.
Во болниците низ земјава во последните 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, во болницата во Штип има 34 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 14, во Велес 34, а во Куманово 52 пациенти. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 7, во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.