Министерство за здравство

Во инфективните одделенија во Прилеп, Струмица, Велес и Куманово нема веќе места за новозаразени

На Инфективнта клиника во Скопје во функција пак се става монтажната болница во која има 72 кревети. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 40 пациенти заразени од коронавирусот. Новозаразени пациенти од Прилеп, Струмица, Велес и Куманово од денес ќе бидат препраќани во други болници од соседните болници.

На сите инфективни одделенија во државата хоспитилизирани се 414 лица сомнителни и позитивни. На инфективната клиника во Скопје има 45 пациенти. Последните два дена бројот на новозаразени е рекорден - повеќе од 300 по ден. Само вчера бројката на новозаразени беше 364.

„Во Скопје на Инфективна клиника има околу 20-тина празни места, а спремна да прими пациенти е и модуларната болница каде има 72 кревети. Во Градската општа болница ‘8 Септември’ има 40 пациенти, но во Скопје прво ќе ги примаме пациентите на Инфективната клиника и во модуларната болница, за да може ГОБ покрај делот кој е целосно наменет само за ковид пациенти да продолжи со нормална работа која е во функција од почетокот на септември“, изјави вчера Венко Филипче, министерот за здравство.

Во „8 Септември“ хоспитализирани се 40 пациенти, од кои на респиратор се четворица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се 54 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на ковид-19.

„Има места во Охрид, Гостивар и во Тетово. Во болницата во Струмица има 46 пациенти  и од утре ќе се подготвува капацитеот на новото крило. Целосно е спремна болницата во Кочани, досега таму нема хоспитилизирани пациенти за тој регион. Таму има 60 кревети, 2 интернисти и 2 анестезиолози. Во болницата во Кавадарци има 14 кревети, и значителен број на слободни кревети има во болницата во Тетово. Потребно е совесно однесување за да не ги пренатрупаме болниците“, изјави вчера министерот Филипче.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе